Поради искажаната пристрасност, штабот на Трамп нема да издава акредитации за Bloomberg News

Предизборниот штаб на американскиот претседател Доналд Трамп објави во поненеделникот дека повеќе нема да издава акредитации за новинарите на новинската агенција Bloomberg News, во сопственоста на потенцијалниот демократски претседателски кандидат Мајкл Блумберг, чиешто уредништво отворено објави пристрасност.

Новинската агенција Bloomberg News објави дека по формалната објава на кандидатурата на Мајкл Блумберг за кандиат за претседатеската кандидатура на Демократската партија, повеќе нема да ги следи демократските кандидати, но дека ќе ја следи каампањата на Доналд Трамп.

Со акредитацијата новинарите можат полесно да присуствуваат на предизборните собири и другите настани поврзани со кампањата за претседателските избори кои ќе се одржат во ноември 2020 година. Обичните граѓани мора да купат влезница и да чекаат во долгите редици за да присуствуваат на предизборен собир.

„Имајќи предвид дека отворено ја покажаа својата пристрасност, штабот на Трамп повеќе нема да издава акредитации за претставниците на Bloomberg News за предизборните собири и другите настани во кампањата… Ќе донесеме одлука дали ќе одговараме на поединечни новинари или ќе одговараме на прашњатата на Bloomberg New поединечно за секој случај , соопшти шефот на изборниот штаб на републиакнскиот претседател, Бред Паскал.

Блумберг, кој е еден од најбогатите Американци и деветти во светот а списанието Forbes неговото богатство го проценува на повеќе од 53,4 милијади долари, сосема го промени своето мислење откако во март годинава изјави дека нема да се кандидира за претседателските избори во САД. Неговата кандидатура доајде во периодот кога двајца од кандидатите со најголеми шанси за освојување на демократската претседателска номинација, сенаторите Елизабет Ворен и Берни Сандерс, жестоко ги критикуваат милијардерите и ветуваат наметнување нови даноци за супер богатите.

Блумберг долги години беше член на Демократската партија, но пред да се кандидират за градоначалник на Њујорк во 2001 година се регистрираше како републиканец. Во 2009 година Блумберг се кандидираше за третиот мандат како независен кандидат, а во октомври 2018 година повторно се регистрираше како демократ. Уште во 2016 година размислуваше да се кандидира на претседателските избори како независен кандидат, но се откажа од намерата за да не ги подели демократите во борбата со Доналд Трамп, кога негова противкандитка беше поранешната државма секретарка Хилари Клинтон.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.