Поради „итни прашања“ Помпео ја одложи посетата на Берлин, телефонски разговарал со Маас

124
© REUTERS/Eric Thayer

Американскиот државен секретар Мајк Помпео имал во вторникот телефонски разговор со германскиот минисер за надворешни работи Хеико Маас, откако претходно ја откажа предвидената посета на Берлин поради „итни прашања“.

Шефовите на дипломатиите на Германија и на САД имале телефонски разговор наместо откажаниот состанок, и притоа се согласиле да биде договорен нов датум за нивната средбата, објави во вторникот рано попладнето прес-службата на германското министерство за надворешни работи.

„Во текот на разговорот Помпео изрази жалење поради тоа што денешниот состанок требаше да биде одложен. Двете страни се согласија брзо да биде договорен нов датум. Министерот Маас изрази разбирање воврска со одложувањето на средбата“, се наведува во соопштението.

Како што претходно беше најавено шефот на американската дипломатија Мајк Помпео со својот германски колега Хеико Маас и германската канцеларка Ангела Меркел требаше да разговара за односите меѓу ападот и Русија, ситуациите во Украина и во Венецуела.

Помпео, кој како државен секретар на САД сѐ уште не ја посетил германската престолнина, престојуваше во понеделникот во Финска, на состанокот на Арктичкиот совет. Не е јасно каде ќе отпатува од Финска.

„За жал, мораме да го промениме распоредот на берлиските состаноци поради итни прашања. Се радуваме на серијата состаноци кои се прераспоредени. Дрќавниот секретар се радува на скорешната посета на Берлин“, се наведува во соопштението на американската амбасада во Германија кое го проследи Стетј Департментот.

Германија и САД во последниот период имаат недоразбирања во врска со американското мешање во процесот на носење одлука околу доделувањето на концесијата за градење на мобилната мрежа од петтото поколение (5G) во Германија за кој конкурира и кинескиот телекомууникациски гигант „Huawei“, како што бара Вашингтон. Тоа беше ново недоразбирање во низа откако Берлин претходно, исто така, ги отфрли заканите и противењата на САД за градењето на рускиот гасовод Северен тек 2 до Германија и создавањето фискален механизам со кој треба да се заобиколат американските санкции за Иран.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.