Поради излевање фекалии во езерото, забрането капењето на повеќе плажи во Охрид

Во Охрид, на плажите на потегот од Самоиловата тврдина кон Партизан, Младост, од петокот се поставени знаци забpaнето капење.

Станува збор за населбата Воска, тоа е првата населба од тврдината кон Струга.

Оваа информација заедно со фотографии ја објави универзитетскиот професор Самоил Малчевски на неговиот фејсбук профил. Тој тврди дека забраната е резултат на загадувањето на езерото поради нефункционирање на колекторот.

Отпадните води директно се влеваат во водите од езерото. Ова следува и покрај сите забрани и препораки од УНЕСКО.

Засега нема официјално објаснување ниту реакција од локалните власти.