Поради климатските промени до 2100-та ќе се истопат третина од хималајските глечери

Глобалниот пораст на температурата до крајот на XXI век може да резултира со топење на третина од ледниците во хималајската област, дури и доколку бидат истопени сите цели кои човештвото пред себе ги постави кога станува збор за климатските промени, се наведува во соопштението на Меѓународниот центар за развој на планините кој спровел истражување за состојбата на глечерите на Хималаи.

Според податоците на споменатиот центар, чиешто седиште е во непалската престолнина Катманду, ваквото сценарио би можело да им го отежне животот на околу 1,9 милијарди луѓе коишто живеат во оваа област.

Дури и доколку емисијата на јаглерод диоксид значително се намали и се успее глобалното затоплување да се органичи на 1,5 Целзиусови степени, до 2100 година ќе се истопат 36 отсто од ледниците во региот Хиндукуш Хималаја, тврдат експертите. А, пак, доколку емисиите на гасовите кои го предизвикуваат ефектот на стаклената градина не се намалат, ќе се истопат дури две третини од сите хималајски глечери.

„За ваква климатска криза досега уште не сте слушнале. Глобалното загревање може значително да ги измени изгледите за глечерите на покриените планински врвои за малку помалку од еден век. Во најдобар случај, дури и доколку бидеме многу успешни во совладување на глобалното затоплување, сеедно ќе загубиме барем третина од глечерите“, вели Филипс Вестер, еден од авторите на извештајот.

Хималајското подрачје се протега преку осум земји, од Авганистан до Мјанмар или на околу 3.500 километри. Водата од врвовите на планинските вериги стасуваат сѐ до најголемите светски речни басени, меѓу кои се Ганг, Инд, Меконг и Иравади. Овие реки со вода за пиење снабдуваат 1,65 милијарди луѓе.

Топењето на леднциите би можело да предизвика излевање на смрзнатите езера, загрозувајќи го животот на планинските и низинските животински и растителни заедници, се додава во извештајот. Главните извори на загадувањето се наоѓаат во густо населените делови на Индо-гангската низина. Поради нив на глечерите се таложат честички од јаглен, со што го забрзуваат нивното топење.

Во извештајот на 627 страница се наведува и дека на хималајскиот регион до 2030 година ќе му бидат потребни меѓу 3,2 и 4,6 милијарди американски долари годишно за да се прилагоди на климатските промени, а до 2050 година меѓу 5,5 и 7,8 милијарди долари.