Поради контакт со позитивни наставници 177 деца од ООУ „Братство Единство“ од Охрид во изолација

Во изолација се 177 деца од ООУ Братство Единство од Охрид поради контакт со позитивни наставници, објавува Скопје 24.

Директорот на училиштето вели дека во училиштето во целост се спроведуваат протоколите препорачани од комисијата за заразни болести, но поради мал ризик се одлучиле учениците наставата одреден период да ја следат онлајн.

„Станува збор за ученици од предметна настава и тоа шест паралелки од подрачното училиште во Лескајца и паралелките од шесто, седмо, осмо и деветто одделение од централното училиште, ученици кои следат настава на турски јазик“, изјавил за локалниот портал Охрид 1, директорот на училиштето, Џамал Мехмед. Според него наставниот кадар е 98% , а и наставниците кои сега се во изолација биле со примени две дози.