Поради коронавирус засилувањето на Јунајтед тренира сам и е изолиран

Најновото засилување на Манчестер Јунајтед, Нигериецот Одион Игало тренира сам и е изолиран од соиграчите и другите лица во клубот поради страв од коронавирусот, бидејќи во Англија стаса од Кина.

Весниците Times и Daily Mail објавија снимки на нигерскиот напаѓач кој тренира потполно сам на игралиштето во Тејквенд и така ќе биде сѐ додека не мине периодот на инкубација од две седмици, а можеби и подолго.

Триесетгодишниот Игало стаса во зимскиот преоден рок од кинески Шангај Шенху, но не се приклучи на екипата која е на кусите подготовки во Шпанија. Се очекуива дека со своите нови соиграчи првпат ќе се сретне во текот на викендот, пред средбата со Челзи во 26-то коло на англиската лига.

Британската влада оцени дека новиот коронавирус претставува „сериозна и непосредна“ закана за јавното здравство и му препорача дека „може да држо поединци во карантин поради сопствената безбедноста и доколку здравствените работници веруваат дека се во опасност од ширењето на вирусот на другите луѓе“.

Во Велика Британија досега се потврдени девет случаи на зараза со новиот коронавирус.