Поради коронавирусот наредено „затворање“ на пет милиони луѓе во Пекинг

Кинеските власти наредија епидемиолошко „затворање“ на милиони луѓе во области околу престолнината Пекинг и истовремено ги удвоија напорите да го зауздаат евентуалното ширење на Covid-19 во пресрет на историскиот состанок на владејачката Комунистичка парти подоцна годинава.

На речиси четири милиони луѓе во покраината Хабеи, кој го опкружува Пекинг, им е наредено да останат во своите домови до крајот на седмицата, додека властите настојуваат да го сузбијат ширењето на вирусот. Повеќе од 13 милиони луѓе во соседниот пристанишен град Тианџин мораат на тестирање, откако е потврден 51 главно благ случај на болеста.

Кина е единствената голема светска економија којашто спроведува политика на нулта толеранција на стапката на зараза со Covid-19, а карантините, ограничувањата на патувањата и масовните тестирања го нарушуваат деловното работење и го забавуваат економскиот раст. И не само на Кина, туку влијаат и на големите глобални корпорации во нивните синџири за производство и снабдување.

Властите на Пекинг ги удвојуваат напорите да се сузбие Covid-19 во пресрет на 20-от Национален конгрес на Комунистичката партија, кој треба да се одржи следните три месеца. Одговорот на пандемијата се смета за централен дел од политичката агенда на претседателот Кси Џинпинг, кој на конгресот би требало да го добие третиот мандат, што е без преседан во поновото минато на земјата.

Но некои аналитичари на западните медиуми, како Номура Тинг Луи за AFP, велат дека „стварната ситуација со Covid-19 во Кина би можело да се влоши, бидејќи омикрон сојот повторни се проширил на големите градови“.

Во Ченгду, најголемиот град на западот на Кина, воведени се строги ограничувања за патувањата. Делумно се затворени два округа во технолошкиот центар Шензен на југот на земјата, додека најголемиот светски пазар на електроника во Хуачиангбеи е затворен, иако имаат само по 35 случаи дневно во градот со повеќе од 18 милиони жители.

„Одненадеж стаса веста за затворање, имавме само неколку часа своите залихи да ги ставиме во складиштата и да ги заклучиме“ вели за AFP трговецот Чен на технолошкиот пазар Хуачиангбеи.

Во Футиан, каде што се наоѓаат градската управа, кино-сали, караоке барови и паркови, сите тие се затворени до петокот, а големите јавни настани се откажани. Властите го затворија и квартот Ванкси на периферијата од градот, која нуди сместување за доставувачите и работниците мигранти по пристапни цени, иако таму не е забележан ниеден случај на зараза.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.