Поради коронавирусот се прекинува наставата во следните 14 дена, нема јавни собири, спортските мечеви без гледачи

Министерот за здравство, Венко Филипче, на прес-конференција во вторникот рече дека Владата на претходна своја вонредна седница ги прифатила препораките на Комисијата за заразни болести, и оти во следните две седмици  ќе бидат затворени сите училишта, градинки и факултети.

„Утрово имавме состанок на комисијата за заразни болести, на кои се предложија дополнителни мерки на овие досега на псравување, со оглед на новонастанатата ситуација, прв случај на локална трансмисија, откако лица од Дебар биле во контакт со заразениот пар беа позитивни, и тие се сместени на инфективни болести. Таму се сега седум пациенти, нема потреба од механичка вентилација кај никого.

Се прекинува наставната дејност, процесот на високообразовните установи како и научните институти. За еден родител на дете до 10-годишна возраст, ќе биде дозволено да отсуствува од работа, и тоа цело отсуство ќе му биде платено во рок од 14 дена.

Се забрануваат, исто така, и јавни собири со над илјада лица, се препорачува да се откажат и оние кои се со помалку учлеснции. Се забранува одржување спортски настани со публика во следните 30 дена, како и масовни културни манифестации, додаде министерот за здравство.

Од среда се прекинуваат, исто така, и сите воншколски или дополнителни програми, како што се курсеви за странски јазици и слично.

Филипче истакнa и дека се воведува задолжителна самоизолација на сите лица кои доаѓаат од високо и средно ризичните држави, во период од 14 дена , согласно листата на Светската здравствена организација (СЗО – WHO), којашто се ажурира на дневно ниво.

Како една од мерките, слично на Франција и Германија, чиии мерки инаку наидоа на критики од другите земји членки на Европската унија, и властите во Македонија забрануваат извоз на медицинска опрема и медицински средства и материјали од страна на економските оператори и производители од Македонија, освен со посебна дозвола која ја издава Министерство за здравство.

Сре препорачува возрасните и високоризичните категории на граѓани со хронични болести да го намалат своето движење и да го избегнуваат јавниот превоз, како и избегнување патувања во земји кои се од висок и среден ризик, согласно листата од Светската здравствена организација.

Државната изборна комисија, според овие мерки, треба да ги ослободи од натамошно учество во изборниот процес вработените од јавните здравствени установи и да бидат заменети со други лица.

Физичките и правните лица што не ги почитуваат и кои ги прекршуваа препораките ќе бидат казнети согласно член 205 и 206 од Кривичниот законик.

Препораките и мерките на Владата опфаќаат и воведување ткн „health locator“ мапа а за сите летови и сите авиокомпании, односно образец кој ќе го пополнуваат патниците со податоци за полесно контактирање доколку за тоа се укаже потреба.

Се забранува организиран меѓународен автобуски превоз (автобус, комбе, минибус и сл.) кон високо ризичните земји, како и од тие земји кон Република Северна Македонија. Треба да се зајакне присуството волонтерите од Црвениот крст на  Македонија, во соработка со Министерството за здравство, на сите гранични премини.

Целосно да се почитуваат мерките за превенција од оваа болест, упатени од Министерството за здравство кои се однесуваат на засилени хигиенски

Да се упати заклучок и препорака од страна на Владата на Република Северна Македонија до сите органи на државната управа и до едниците на локалната самоуправа за времен прекин од работни обврски (не одење на работно место и да останат во своите домови) за бремените жени и хроничните болни лица.

Сите јавни претпријатија и приватни компании што вршат јавен превоз на патници да вршат редовна дезинфекција на превозните средства.

Владата им препорачува на сите владини и државни институции, како и на јавните претпријатија да ги откажат сите патувања или да ги организираат предвидените состаноци преку интернет комуникацијата.

Се задолжуваат сите владини и државни институции, како и јавните претпријатија да воведат мерки за заштита и за дезинфекција во сите државни институции на влезовите во институциите. Оваа мерка Владата им ја препорачува и на компаниите од реалниот сектор.

Министерот апелира да се седи дома и да нема масовно посетување на игротеки, каков што бил случајот кога имаше епидемија на морбили.

Ова се дел од мерките кои Филипче ги соопшти на прес-конференцијата и рече дека целосната листа ќе биде објавена на интернет-страниците на Министерството за здравство и на Владата.

Филипче посочи дека во земјава стотици лица се изолирани по вчерашната вест за заразената докторка, 64 вработени од клиниката за Кожни болести, 24 пациенти, како и 103 лица кои учествувале на научниот симпозиум.

Полициско обезбедиување има кај оние случаи во изолација за кој е оценето дека има потреба од тоа, нагласи министерот,