Поради коронавирусот забрането е ракување и потпишување автограми во НБА лигата

Поради ширењето на смртоносниот коронавирус голем број спортски настани ширум Европа и Кина или се одложени или се под посебни мерки, а на претпазливост повикаа и од НБА лигата.

Челните лица на најсилното кошаркарско натпреварување на светот вчера донесе одлука со која им „забрани“ на кошаркарите да не се ракуваат меѓусебе, ниту пак со фановите и да не делат автограми.

„Здравјето на нашите играчи и на навивачите ни е на прво место. Во соработка со клубовите донесовме некои мерки кои се надеваме дека кошаркарите и навивачите ќе ги почитуваат“, се вели во соопштението.

Ова се само дел од мерките кои ги наложија од НБА лигата, односно истите ќе се менуваат во зависност од ширењето на овој вирус во САД.

извор: gol.mk