Поради лажна бомба евакуиран холандскиот парламент

Холандскиот парламент во четвртокот накусо беше евакуиран рано попладнето поради дојава за поставена бомба која подоцна се покажала лажна.

Холандската полиција објави претходно дека нејзина екипа за експлозиви истражува „сомнителна ситуација“ во зграда го којашто се наоѓа националниот парламент во Хаг, како и дека го расчистила просторот околу зградата и им наложила на граѓаните да ја напуштат таа област.

Околу еден час подоцна полицијата дозволила враќање во зградата на парламентот.

Пратеникот од редот на антиисламистите Геерт Вилдерс изјави дека лажната борба била наменета за него и дека тоа било причината за евакуацијата.

„Пакетот со кадифено меченце беше испорачан во мојот кабинет во парламентот. За среќа, немаше експлозиви и не беше опасно, но не беше ниту забавно“, напиша Вилдерс на Twitter.

Крајно десната партија на Вилдерс – Партија на слободата стана втората најголема партија во Холандија, а самиот тој со години наназад живее до големо полициско обезбедување, бидејќи поради неговите политики примаше бројни смртни закани. Вилдерс од 2004 година е присилен да живее во безбедна куќа и да е постојано опкружен со телохранители поради постојаните закани со убиство.