Поради љубов и училиште, три гостиварки се обиделе да се самоубијат

Три жени Гостиварско се обиделе да си ги одземат животите пиејќи големи количини таблети.

По една од жените завршила на Клиниката за токсикологија во Скопје, а додека две малолетни девојки по интервенција во гостиварската болница се надвор од животна опасност.

Од СВР Тетово информираат дека, во еден часот по полноќ, во гостиварската болница била донесена 26-годишна жителка на селото Врапчиште, која претходно се затрула со поголема количина таблети. По интервенцијата, девојката во безсознание била префрлена во Скопје, поради серизоно нарушена здравствена состојба.

Со симптоми на труење синоќа биле донесени и две тинејџерки, 17-годишна девојка од Гостивар и 16-годишна малолетничка од Неготино-Полошко. И тие се обиделе да си го одземат животот со пиење таблети, но за среќа поминале без поголеми последици и по укажаната лекарска помош биле пуштени дома.

Како мотиви, во два случаи се наведуваат љубовни проблеми, а во третиот, проблеми во училиште.