Поради магла намалена видливост на неколку патни правци

Намалена видливост од 50 до 60 метри поради појава на магла има на патните правци Прилеп – Крушево и Тетово – Попова Шапка, информира ЈП „Македонијапат“.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Врнежи од снег со слаб интензитет има на планинските превои Стража, Ѓавато и Плетвар, а со среден интензитет во Крушево, но во моментов не претставуваат пречка за одвивање на сообраќајот.

На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.

ЈП „Македонијапат“ апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината кон условите на патот. Информираат дека нивните дежурни екипи постојано се на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.

Сите подетални информации учесниците во сообраќајот можат да ги добијат на телефонскиот број 02 25 61 502.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.