Поради мал број ученици, пред затворање албанската паралелка во велешката гимназија

Во велешката гимназијата „Кочо Рацин” не е обезбеден минималниот број ученици за единствената паралелка на албански јазик, и постои опасност од нејзино затворање, се предупредува во прилогото на телевизијата Алсат-М.

Според резултатите објавени денеска, само 33 ученици Албанци се пријавени во првиот уписен рок, а 17 од нив ги имале потребните 60 бода за да бидат примени. За една паралелка да функционира мора да има најмалку 25 ученици. Директорот на димназијата, Гоце Алексовски, за Алсат вели дека сега треба да побара дозвола од локалната самоуправа дозвола за паралелка со 17 ученици, под услов бројот да не се зголеми во наредните двата рока.

Според него се зголемува бројката ученици, независно од етничката припадност, кои го завршуваат основното образование. Вели дека има многу ученици кои одат во училишта во други градови. Не му се јасни причините за оваа одлука, зашто како што вели, училиштето со кое раководи е меѓу четирите најдобри на државно ниво.

Но, причините ги кажуваат родителите – не сакаат да зборуваат пред камерите, но го споменуваат недостатокот на професорски кадар што би предавал на албански јазик.

 

Друго објаснување за нискиот број на кандидати е фактот што некои од учениците не продолжуваат во средно училиште, иако е законска обврска. Ова, главно ова се случува со девојчињата-ученици. Минатата година од Горно Јаболчиште, кое има околу две илјади жители, аплицирала само една девојка ученик.