Поради минирање утре прекин во сообраќајот на патот Длабочица – Чатал

Во периодот од 13 до 16 часот утре ќе се врши минирање за изградба на експресниот пат А2 делница Длабочица – Чатал и сообраќајот ќе биде во прекин во одреден дел од наведениот период.

Како што соопшти АМСМ, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.