Поради неспособноста на Заев доаѓа тежок период за граѓаните и економијата

Зоран Заев и СДСМ ги изманипулираа граѓаните пред избори. Во јуни Заев вети 36.000 денари плата, сега од Собрание ретерира и вели 34.000 денари, велат од ВМРО-ДПМНЕ во утринското соопштение испратено до медиумите.

-Граѓаните нема да добијат ниту 36.000, ниту 34.000 денари плати, исто како што не добија 30.000 денари плата, која Заев ја ветуваше уште во 2016 година, велат од партијата.

Додаваат дека Заев вчера и признал дека дека нема план како да ја води државата.

-Заев и СДСМ не ги ни спомнаа земјоделците, пензионерите и многу други категории на граѓани кои ги лажеа пред избори. Заев вчера најави крах. Заев најави криза од есен. 6 – 8 месеци тежок период за граѓаните и економијата. Тоа е се заради неговата неспособност, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму додаваат дека СДСМ не беше во можност да се справи со првиот бран на коронавирусот и позајми над 1 милијарда евра, за кои никој не знае каде завршија. А, сега прогнозира уште потешка криза и тоа која ќе трае подолго од првата. Кога за првата потриши 1 милијарда, колку ќе потроши за втората?! И кои ќе бидат последиците врз економијата?!, прашуваат од партијата.