Поради неспособното владеење на СДСМ во овие три години нема капитални инвестиции

Единствена капитална инвестиција во овие три години е зголемувањето на имотот на Заеви и нивните соработници. Ветуваа автопатишта од 600 километри, а не направија ниту еден километар автопат, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Три години не им текна на капитални инвестиции, но им текна да лажат сега пред да си заминат од власт. Не се способни ни да го одржуваат тоа што го изгради ВМРО-ДПМНЕ. ВМРО-ДПМНЕ е поразлично од СДСМ. Со СДСМ на власта граѓаните добија  хибриден режим, неспособност, криминал и сиромаштија. СДСМ и Заев никогаш повеќе, велат тие.