Поради невремето авионот со премиерот Заев пренасочен кон Софија

Повеќе од половина час, авионот со кој леташе премиерот Зоран Заев и дел од владината делегација, кои се враќаа од економскиот самит во Давос, Швајцарија не можеше да слета поради снежното невреме во Скопје.

Пилотот неуспешно неколку пати се обидел да го приземји авионот, по кружењето над Скопје, по што леталото е пренасочено кон аеродромот на бугарската престолнина Софија.

Заев требаше вечерва да биде во партсикото седиште на СДСМ, каде пред Централниот одбор на кој ќе се одлучува за двојни избори, се одржуваат координација и извршен одбор.