Поради обилни врнежи од дожд во прекин е патниот правец М.Каменица – Делчево

Поради обилни врнежи од дожд на патниот правец М.Каменица – Делчево (А3) на два километри пред Делчево сообраќајот се пренасочува преку Виница и Смојмирово.

На самото место е поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

На учесниците во сообраќајот им се препорачува крајно внимателно управување со возилата, прилагодување на брзината спрема условите на патот и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.