Поради одлуката на КАС, Усеин Болт останува без олимписки медали

Спортскиот арбитражен суд (КАС) објави во четвртокот дека на спринтерот на Јамајка, Неста Картер, му е одбиена жалбата за позитивниот допинг тест за време на Олимписките игри во Пекинг во 2008 година.

Картер трчаше како прв во штафетата во која Јамајка го собори светскиот рекорд од 37,10 секунди.

Последната анализа на примероците од 2016 година беше позитивна за стимулансот „метилхексанеамин“, поради што е одземен медалот на сите репрезентативци учесници во трката.

Одлуката на КАС ја расипа совршената олимписка „жетва“ на Усаин Болт од три златни медали во трките од 100, 200 и 4х100 метри во 2008, 2012 и 2016 година