Поради одрон сообраќајот кај Пресека се одвива по една лента

Сообраќајот на патниот правец Кичево – Охрид,  кај превојот Пресека, се одвива во една коловозна лента поради одрон, информираат од ЈП Македонија Пат.

На патниот правец А2, Кичево – Охрид на планинскиот превој Пресека поради одрон сообраќајот се одвива по една коловозна лента во должина од два до пет метри.

Екипите на Јавното претпријатие  работат на негово расчистување и нормализирање на сообраќајот. Се препорачува внимателно управување со возилата и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

Посочуваат дека нивни екипи работат на расчистување на одронот и нормализирање на сообраќајот.