Поради пандемијата на западен Балкан ќе има уште 400.000 сиромашни, предупреди Светската банка

Светската банка во студијата објавена во петокот предупредува дека пандемијата на новиот коронавирус ќе има „тешки последици“ за економиите на западен Балкан, како и дека закрепнувањето ќе зависи од мерките коишто ќе ги преземаат властите.

Авторите на истражувањето потсетуваат дека уште во редовниот економски извештај за овој регион од есента 2019 година е предупредено дека економијата на западен Балкан се соочува со сериозни ризици, поради очекуваниот пад на стпката на растот на глобално и на регионално ниво, а ситуацијата сега е влошена поради пандемијата.

Аналитичарите истакнуваат дека е сигурно оти на западен Балкан ќе дојде до згаснување на многу работни места и дека без соодветен одговор на тамошните влади најмалку 400.000 луѓе ќе паднат во сиромаштија, при што на финансиски удар најтешко ќе се најде ткн средна класа.

„Многу работни места се привремени или во неформалниот сектор. Како што се развива Covid-19, веројатно е дека овие работни места ќе бидат најмногу зафатени со затворање, со анулирање на напредокот остварен изминатите години. А најлошото е што многу од тие работници можеби нема да можат да ги остварат своите права на социјална заштита“, се наведува во студијата на Светската банка.

Се истакнува и предупредувањето дека важен предизвик за владите претставува внимателното управување со ликвидноста за да се избегне натамошна ексалација на кризата, а истовремено да се осигури помош за оние на кои им е најпотребна. Колкав ќе биде овој предизвик, ќе зависи од тоа колку економското стагнирање ќе трае, бидејќи иднината битно ќе ја одреди ритамот со кој се исцрпуваат резервите од капитал и ликвидност.

„Онаму каде што има простор за монетарна или фискална политика, сега е времето тоа да се искористи за одржување на продуктивен капацитет на економијата и функционирање на пазарите, како и за поддршка и спасување на економијата и егзистенцијата“, се наведува уште во анализата со апел до властите во земјите на западен Балкан што поскороо да се фокусираат на повторното придвижување на стопанствата.