Шест години затворска казна доби скопјанецот, кој во март годинава ја згрози јавноста објавувајќи на Фејсбук фотографии од неговата малолетна внука. За педофилскиот скандал изречена му е казна под законскиот минимум од осум години затоа што го признал делото. Пресудата Кривичниот суд ја изрекол за 34 – годишен скопјанец кој на Фејсбук објави експлицитни фотографии на кои неговата малолетна внука е во сексуална положба, објави Канал 5.
Обвинителството го товареше дека фотографиите ги снимил уште во јуни минатата година, а во март годинава ги објавил на профилот на пријателка од Белград и му ги испатил дури и на сопствениот малолетен син. По ова полицијата го приведе, потсетува Канал 5.