Летовите до градот Катанија на источниот италијански остров Сицилија беа запрени во вторникот по ерупцијата од блискиот вулкан Етна, соопшти аеродромскиот оператор, што им донесе нови неволји на патниците за време на шпицот на летната туристичка сезона.
Етна, еден од најактивните вулкани во светот, бележи интензивна активност последните денови, исфрлајќи жешка пепел и лава.
Аеродромот во Катанија веќе беше затворен претходно овој месец поради пепелта во воздухот над областа. Аеродромот работи како центар на источниот дел на Сицилија и привлекува повеќе туристи отколку главниот град на островот Палермо.
Во соопштението за печатот се наведува дека властите донеле одлука „да ги прекинат сите влезни и појдовни летови“.
„Суспензијата ќе резултира со откажувања и/или пренасочување кон други аеродроми“, се вели во соопштението во кое се додава дека нормалното функционирање на аеродромот ќе продолжи кога ќе престане протокот на пепел.