Поради погрешната „блескаме економска политика“ долгот ќе достигне 60 %

Реакција од ВМРО-ДПМНЕ на изјава на Мила Царовска:

Мила Царовска сега пред избори се сети да говори за економија. Целиот период на корона кризата никаде ја немаше и дозволи Македонија економски да пропаѓа.

Растот на БДП во првиот квартал изнесува само 0,2%, што е рекордно низок во регионот и без да се почувствува економската криза, што доволно говори за економските политики на Царовска и на Ангеловска.

Само за месец април плата немаа земено 30 илјади работници, а над 15 илјади го изгубиле своето работно место поради задоцнетите и конфузни мерки кои ги преземаше Царовска. Просечната плата е падната за цели 5%.

Јавниот долг порасна за само 5 месеци на 53,3% од БДП, без да се пресмета притоа еврообврзницата од 700 милиони евра. До крајот на годината се прогнозира дека тој процент ќе порасне над 60, што значи дека оваа власт на СДСМ ќе генерира над 1,5 милијарда евра нов долг.

Бројот на вработени во индустријата е намален за 5%, а катастрофално лош е извозот кој го остварува Македонија.

Тоа се фактите за неуспесите на економските политики на Мила Царовска и нејзината “блескаме економија“

За крај ќе ја прашаме Царовска дали пресметала колку субвенционирани минимални плати има во милионите изрекетирани пари во Македонија, за кои има сведоштво дека завршиле кај Зоран Заев?

СДСМ и Зоран Заев покажаа дека можат само повеќе криминал, повеќе рекет, повеќе корупција, повеќе порази и повеќе понижувања! Да ставиме крај на виткањето на кичмата! Исправи се Македонијо, одбери Обнова!