Поради покачувањето на акцизата секој граѓанин плаќа 5 денари дополнително за литар гориво

44

Влатко Ѓорчев, Член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување во телевизија Алфа укажа на тоа дека Владата на СДСМ не само што сака да ја зголеми цената на струјата туку успеа да ја зголеми акцизата и поради тоа секој еден граѓанин при одење на бензиска станица плаќа дополнителни 5 денари по литар.

-Имаме зголемување на акцизата и секој граѓанин со едно одење на бензиска станица за секој еден литар на оваа власт и плаќа дополнително 5 денари по литар, истакна тој. Имено тој укажа дека поради неспобноста на оваа влада во Република Македонија има 630 починати од корона кризата и тоа е многу повеќе од било која балканска земја и сме меѓу најлошите во Европа.

– Гледаме дека власта не знае да ја организира училишната година и на 30 август се сетија дека треба да почне учебната година. Имаме апсолутно целосно крахирање во целата држава и во тој дел оваа владата и те како ќе се соочува со незадоволството на граѓаните додаде Ѓорчев.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.