Поради пожарот во инспекторатот инспекторите без одговор – кој го загадува Скопје?

Инспекторатот за животна средина се уште не детектирал  кој е главниот загадувач кој ги труе скопјани. Немале ниту комплетен список на индустрии, бидејќи се уште ја обновувале докуметацијата која изгоре во пожарот пред два месеци, вели директорката Ана Петровска.

Направен е увид во Макстил, но и во кругот на поранешна Железара каде е одено со намера тие помали загадувачи кои потенцијално не се дури ни во наша надлежност да се детектираат доколку видиме емисии. Во моментот на надзорот не се утврдени недостатоци, но ние ќе продолжиме. Пак ќе се навратиме.

Дополнителен проблем бил и малиот број на инспектори. На територијата на град Скопје имало само 5, а потребни биле минимум 8 нови инспектори.

Во изминативе 3 недели, инспекторатот спровел 68 редовни и 25 вонредни налози.

Вчера најзагадено беше во Лисиче, Ректорат и Центар каде штетните честички  беа два пати над дозволеното.