Поради позитивен тест на коронавирусот на Мијалков и неговите адвокати одложено денешното рочиште

ФОТО: МИА

Поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков е позитивен на Covid-19 и е во изолација од 10 дена, која може да се продолжи доколку тој има симптоми на заразата.

Решението за изолација од Државниот санитарен инспекторат е издадено на 10-ти јануари.

И адвокатите Петар Василевски, Гоце Ристевски и Гордана Нацева се позитивни на коронавирусот.

Поради ова, во петокот во Кривичниот суд беше одложено рочиштето за предметот „Плацови на Водно“.

Ова беше прво закажано рочиште откако Мијалков пред нова година беше пуштен на слобода, односно му беше укинат притворот со гаранција од 11 милиони евра, а со слична сума пред Божиќ беше пуштен и бизнисменот Орце Камчев. И на двајцата им се суди за Плацовите на Водно. Судијата Илија Трпков наредното судење го закажа за 24 јануари.