Поради прекин на струјата парализирана индонезиската престолнина Џакарта

Индонезиската престолнина Џакарта и соседните покраини на островот Јава се погодени во неделата од голем крах на состемот за снабдување со електрична енергија поради проблеми во неколку централи на Јава, објави во неделата државната електроенергетска компанија PLN.

Прекинот на струјата се случил малку пред полноќ по локалнио време, околу седум часот утрото по македонско време, а покрај голем дела од Џакарта погодени се покраините Западна Јава и Бантен, подрчје на коешто живеат околи 100 милиони луѓе.

Засега не се знае колку долго ќе трае ваквата ситуација. „Сѐ уште работиме на тоа. Ве замолуваме да се молите ситуацијата нскоро да се врати во нормалата“, рече портпаролот на компанијата PLN.

Додаде само дека до прекинот во снабдувањето дошло поради „проблеми во преносот меѓу истокот и западот“, како резултат на пад на гасните турбини што предизвикало прекин во снабдувањето со струја во сите електроцентрали во централниот и западниот дел од Јава.

Јавниот сообраќај во Џакарта е во прекин, но градските болници се во нормална функција. Аеродромот во Џакарта работи нормално благодарејќи на моќните генератори. Сепак, стотици патници морало да бидат евакуирани од подземната железница и возовите на градската железница.