Поради прекините на градбата на автопатите огромен пад на градежништвото во јуни

Градежништвото за јуни бележи енормен пад од дури 25 отсто, а се совпаѓа со прекинот на градбите на автопатите Кичево – Охрид, експресниот пат Градско – Прилеп и забавувањето на патот Скопје – Штип, откако владата предводена од СДСМ ги стопираше натамошните градежни активности.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека тоа ја покажува неспособноста на СДСМ за менаџирање со крупни капитални проекти.

Гоце Димовски на трибината „Отворено со Комисијата за транспорт и врски на ВМРО-ДПМНЕ“ истакна дека тие се стопирани поради банални изговори.

„Меѓутоа, односнот на СДС кон овие капитални, инстфраструктурни, големи проекти кои се пред се бенефитни за развојот на Република Македонија се стопирани од нивна страна. Стопирани се со еден вид банални изговори, а тие банални изговори го потврдуваат нивното незнаење, нивната нестручност и неможноста да менаџираат големи инсфраструктурни проекти кои се бенефитни за Република Македонија“, посочи Димовски.

Поради стопирањето на проектите кои претходно ги почна ВМРО-ДПМНЕ се забави и економскиот развој. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски во една прилика рече дека сите проекти кои се запираат придонесуваат до тоа економскиот развој на Македонија да запре.

„Се запреа најголемиот најголемиот дел од градежните проекти во земјава. Се запреа градби на автопати, градбата на Клиничкиот центар во Скопје, се запре градбата на Драмскиот театар…Се што требаше да се гради и прави и да придонесе во економскиот развој на земјата, се запре. Сите чекори што ги прават се спротивни на тоа дека ќе се намалат трошоците за живот, напротив трошоците за живот очигледно е дека ќе растат“, истакна Груевски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.