Поради прекршоци санкционирани 28 пешаци во Тетово

Дваесет и осум пешаци биле санкционирани поради прекршоци во текот на вчерашниот ден од Тетово.

Портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифоски истакна дека акциската контрола била спроведена од 8 до 13 часот на повеќе локации во Тетово.

-Во контролата вкупно откриени и законски санкционирани се 28 прекршоци oд пешаците, најмногу поради непочитување на светлосните сообраќајни знаци, небезбедно преминување или некористење на тротоари за движење. Констатираните прекршоци заокружени се со покани за присуство на сообраќајни поуки и со писмени опомени, истакна Јосифоски.

Покрај ова, откриени се и девет други видови сообраќајни прекршоци