Поради преполните болници Белгија бара од Германија преземање на ковид-пациентите

Белгија побарала од Германија во своите билници да ги прими пациентите кои боледуваат од Covid-19 за да го ублажи притисокот вр сопствените оддели за интензивна нега кои е затрупани со пациенти поради епидемијата, извести во саботата белгиската новинска агенција Belga.

Агенцијата се повикува на изјавата на директорот на службата за итна медицинска помош, Марсел Ван дер Аувере, кој рекол дека во неколку болници во Белгија повеќе нема резервирани кревети за пациентите со коронавирусот.

Германската новинска агенција DPA барала коментар од германското Министерство за внатрешни работи, но досега не добила одговор.

Според официјалните податоци, Белгија, којашто има 11,5 милионско население, последните две седмици потврдила инциднца од речиси 450 новозаразени на 100.000 жители. Иако овој показател е малку понизок отколку претходните неколку седмици, бројот на починатите во меѓувреме се зголемил и просечни избеува 40 смртни исходи на ден.