Поради притисоци, повеќе вработени ја напуштаат Клиниката за уво, нос и грло

Додека здравствените институции имаат недостиг на кадар, сѐ повеќе медицински сестри и лекари ја напуштаат државата, а на Клиниката за уво, нос и грло вработените се приморани да ги прекинуваат договорите, дури и оние кои се пред пензија поради притисоците со кои се соочуваат, објави Курир.

-Може да се каже дека десеттина од вработените си заминуваат самоиницијативно. Директорот наместо да направи програма со која ќе се скрати времето за чекање на пациентите, било за преглед, било за операција, тој се занимава со вработените, или едноставно кажано, им врши притисоци, ги малтретира, вели извор за порталот.

Според наши информации, три медицински сестри, двајца болничари кои имаат договор на дело со важност до крај на годината си заминуваат од први мај. Отказ од работното место си дала и медицинска сестра со 40 годишно работно искуство.

Исто така, апаратот кој беше донесен на Клиниката во декември минатата година, а кој служи за операција на синуси, по која пациентот за 24 часа може да си замине дома, уште не е пуштен во употреба.