Поради протестот, пренасочен сообраќајот во центарот на Скопје

Попладнево ќе бидат преземени мерки за посебен режим на сообраќајот во централното подрачје на Скопје, информираа од МВР.

„Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста, дека денес од 17,00 часот е закажан протест во Скопје организиран од страна на политичка партија со релација на движење од плоштадот ВМРО, десно по улицата “Даме Груев“, право по улицата “Васил Главинов“, право по булеварот “ВМРО“, лево по булеварот “Илинден“ до пред зградата на  Влада на Р.Македонија.“, соопштија од МВР, од каде воедно апелираат до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.