Поради растот на цените на гасот Германија следната година ја чека рецесија

Водечките германски економски институти проценуваат дека германската економија следната година ќе влезе во рецесија, што произлегува од редовните есенски анализи, објавено е во четвртокот.

„Поради силно зголемените цени на гасот, трошоците на енергијата драстично се зголемени што води кон масовно намалување на потрошувачката“, стои во ткн Есенската процена водечките економски институти на Германија.

Институтите за 2022 година во целина очекуваат економскиот раст од 1,4 отсто, благодарејќи на подобрата првата половина година, но предвидуваат дека ќе дојде до намалување на бруто домашниот производ (БДП) во трите квартала со ред, почнувајќи од третиот квартал годинава.

Од истиот извештај произлегува дека вкупниот економски ефект во 2023 година би можел да бележи пад од 0,4 отсто, а инфлацијата следната година би можела да достигне ниво од 8,8 отсто, што се нивоа кои претходно не се забележани со децении.

Во пролетната процена економистите за следната година сѐ уште предвидуваа раст од 3,1 отсто, а сега во новата процена предвидуваат БДП-то од околу 0,4 отсто.

Ситуацијата би можела да биде поправена во 2024 година, кога се очекуваат ефектите од стабилизацијата на цените на енергенсите. Но истовремено се заклучува дека поскапувањето на гасот за Германија ќе претставува „трајно намалување на благосостојбата“.

Во составувањето на Есенската процена учествуваат четирите најреномирани германски економски институти, а на сојузната влада во Берлин ѝ служи за носење на нејзините процени.

Според истражувањето на Германскиот сојуз на трговците во малопродажбата (HDE), германските потрошувачи ги менуваат своите купувачки навики поради зголемувањето на цените на енергенсите. Ова истражување укажува дека 46 отсто од испитаниците изјавиле дека престанале да купуваат одредени производите, а 60 отсто повеќе внимание почнале да обрнуваат на понудите за да заштедат пари кои сега одат на поскапите енергенси.