Поради санкциите Австрија губи 775 милиони евра

Санкциите на Европската Унија и Москва на австриската економија и нанесуваат штета во висина од 775 милиони евра, преку што се загрозени дури 112 илјади работни места.

Експерт од виенскиот економски институт, Вифо Оливер Фриц, изјави дека оваа пресметка поаѓа од претпоставката дека извозот во Русија да опадне за една петина.

Во пресметките не се вклучени индиректните последици од производствените капацитети надвор од државата, како австриските фабрики во Германија, кои произведуваат за рускиот пазар.

Исто така, и последиците по финансискиот пазар и туризам не се анализирани.

Извозот на Австрија, кој е во висина од 3,3 милијарди евра најмногу се заснова на хемиската и машинската индустрија, а потоа следуваат автомобилската и прехранбената.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.