Американскиот производител на авиони „Boeing“ најави укинување на 17.000 работни места или околу 10 отсто од својата глобална работна сила, како и одложување на првата испорака на млазните виони од моделот „777X“ за една година и загубите од 5 милијарди долари во третиот квартал поради влијанието на штрајкот врз финансиите.
Во пораката до вработените, извршниот директор на „Boeing“, Кели Ортберг, објасни дека таквото значително намалување е неопходно „за да се усогласи со нашата финансиска реалност“ по штрајкот на 33.000 работници на американскиот Западен брег, што го запре производството на авионите „737 Max“, „767“ и „777“ за месец.
„Го намалуваме нивото на нашата работна сила за да се усогласиме со нашата финансиска реалност, пофокусирани на група приоритети. Во наредните месеци планираме да ја намалиме големината на нашата вкупна работна сила за приближно 10 проценти. Овие намалувања ќе ги опфатат извршните директори, менаџерите и вработените“, се вели во пораката на Ортберг.
Акциите на „Boeing“ паднаа за 1,1 отсто во дополнителното тргување во петокот по затворањето на берзите.
Сеопфантите промени се голем потег на Ортберг, кој во авгус годинава ја презеде водечката функцијата во производителот на авиони во август, ветувајќи дека ќе ги ресетира односите со синдикатот и вработените.
Постигнувањето договор за прекин на штрајкот е од клучно значење за „Boeing“, кој во средата поднесе тужба за нечесна работна пракика, обвинувајќи го синдикатот на машинистите дека не успеал да преговара со добра волја. Агенцијата за кредитен рејтинг S&P проценува дека штрајкот го чини „Boeing“ милијарда долари месечно и дека компанијата ризикува да го изгуби вредниот кредитен рејтинг за инвестицискиот кредитен рејтинг.
Ортберг, исто така, рече дека „Boeing“ ги информирал клиентите дека сега ја очекува првата испорака на својот „777X“ во 2026 година поради развојните предизвици, паузите на пробните летови и заземјувањата. „Boeing“ веќе се соочи со проблеми со сертификацијата со „777X“ кои значително го одложија лансирањето на овој авион.