Поради снег забрани за товарни возила на Стража и Маврово-Дебар

21

Поради врнежи од снег утринава од 06:40 часот воведена е забрана за тешки товарни возила на аптниот правец Маврово – Дебар, соопшти Авто мото сојузот на Македонија.

Забрана за тешки товарни возила е воведена и на планинскиот превој Стража од 04:20 часот.

Од АМСМ информираат дека денеска од 12 до 15 часот на патниот правец Кичево – Охрид кај селото Врбјани поради минирање сообраќајот ќе биде во прекин од 10 до 15 минути.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.