Поради сообраќајка целосно блокиран патот Прилеп- Градско

архивска илустрација

Сообраќајот на регионалниот пат Прилеп- Градско и обратно е во целосен прекин вечерва од 17:55 часот поради сообраќајна незгода кај ресторанот „Ловец“, информираат од Автомотосојузот на Македонија.

Воедно, од таму најавуваат дека утре на патниот правец А2 Кичево – Охрид, на делницата Пресека – Песочан, сообраќајот ќе биде во прекин помеѓу 11 и 14 часот во времетраење од 10 – 15 минути поради изведување градежни работи на патот со минирање.