Поради студот, над половина милион Американци се без електрична енергија

Продолжува ледената доба на североистокот на американскиот континент. Поради снежното невреме, околу 850.000  Американци немаат електрична енергија. Во државите Њујорк и Њу Џерси е прогласена вонредна состојба.

Бруталната зимска бура која го погоди североисточниот  дел на Америка пред два дена не стивнува, а нејзините ефекти се уште ги чувствуваат милиони Американци кои секојдневно се борат со дебелиот мраз, соборни дрвја на патиштата, замрзанити водоводни цевки, а речиси половина милион домаќинства немаат електрична енергија.

Најпогодени се жителите од сојузната држава Пенсилванија, каде поради оштетени далноводи без струја останаа 450 илјади домаќинства. Уште 70 илјади корисници останаа без електрична енергија во државата Мериленд.

Снежната бура го погоди источното крајбрежје на САД од Вашингтон до Бостон и сојузните дрежави од Средниот запад.

Во некои области снежната покривка достигна 30 сантиметри, поради која во повеќе сојузни држави беа затворени училишта и владини објекти.

Нарушена е работата на повеќе аеродроми, меѓу кои во Њујорк и Бостон.

Ова е една од настудените зими со кои се соочува Америка во историја. Температурите во текот на зимата паднаа и до -37 степени.