
Поради сообраќајна несреќа меѓу две возила што се случила вечерва во прекин е сообраќајот на магистралата А3 на влезот во Македонска Каменица.
Увид на местото на настанот вршат екипи на сообраќајната полиција од каде информираат дека несреќата е резултат на судир меѓу две возила кои се движеле во спротивен правец.
На местото на несреќата поставена е соодветна сообраќајна сигнализација, а според првичните информации нема повредени лица во сообраќајната несреќа.
Повеќе информации од полицијата најавија во текот на вечерта.
Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.