Поради „супер лошото претчувство“ за економијата, Маск ќе укинува 10 отсто од работните места во „Tesla“

Извршниот директор на американскиот произведувач на електрични автомобили „Tesla“, Илон Маск, има „супер лошо чувство“ во врска со економијата и сака да укине околу 10 отсто од работните места во компанијата, како што наведува во електронската порака во којашто во петокот увид имала агенцијата Reuters.

Во дописот испратен во четвртокот се наведува дека компанијата мора „да намали околу 10 отсто од соработниците“, како и „да го прекине вработувањето ширум светот“.

„Имам многу лошо претчувство за економијата“, напишал Маск, а притоа агенцијата забележува дека од „Tesla“ досега не одговориле на барањето за коментар.

Мејлот е испратен два дена откако најбогатиот човек на планетата им рече на вработените дека мора да се вратат на работните меса или во спротивно да ја напуштат компанијата. Според официјалните податоци, компанијата „Tesla“ кон крајот на 2021 година вработувала околу 100.000 лица.

Маск во вторникот им порача на вработените да се вратат на работа или да ја напуштат компанијата, што е барање кое веќе го одбија некои од вработените во Германија каде што компанијата има голема фабрика.

„Секој во Tesla мора да мине најмалку 40 часа во канцеларијата седмично. Доколку не се појавите, ќе претпоставиме дека сте дале отказ“, напиша Маск.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.