Поради технички проблем прекинато сведочењето на загрозениот сведок “С1”

По десетина минути сведочење на загрозениот сведок “С1” во случајот “27 април” се направи прекин, како што дознаваме поради технички причини, односно поради некаков пропуст со опремата, пренесува „Фокус“.

Како што неофицијално се вели во информацијата се интервенирало навреме за да не се дојде во ситуација евентуално да се открие идентитетот на сведокот.

По паузата ќе продолжи сведочењето кое се одвива зад затворени врати, бидејќи судијката Добрила Кацарска, ја исклучи јавноста.

Сведокот се наоѓа во Кривичниот суд, но во друга просторија, а неговото сведочење се пренесува преку монитор, каде што на сведокот му е заматен ликот а гласот му е мутиран.