Поради уличен дефект дел од општина Кисела Вода без вода

Корисниците од улицата „Христо Татарчев“, на потегот од ОУ „Круме Кепевски“ до кружниот тек кај последната автобуска станица на автобусот со број 24, од 16 часот се без водоснабдување поради уличен дефект на цевка со пречник од 100 милиметри на улицата „Христо Татарчев“ кај Прототип во населбата Припор, информират од ЈП „Водовод и канализација“ Скопје.

Прекинот на водоснабдување, посочуваат, ќе трае се до санирање на дефектот.