Поради „Винскиот петок“ во Даунинг Стрит, сопартијците му порача на Џонсон да води или да отстапи

87

Во текот на строгото епидемиолошко „затворање“ во Велика Британија, секој петок во премиерската резиденција во Даунинг Стрит 10 биле организирани забави со вино и други пијалаци, открива во саботата таблоидот The Mirror и поради сѐ подолгата листа обвинувања и критики на сметка на премиерот Борси Џонсон сѐ погласни и побројни се повиците да отстапи од должноста.

Поранешниот министер од владејачката Конзервативна партија, Тобијас Елвуд, му порача на партискиот шеф и премиер Борис Џонсон да „води или да отстапи“.

„На оваа земја ѝ е потребно водство“, изјави Тобијас за јавниот сервис BBC.

Коментарот на актуелниот претседател на парламентарната Комисија за одбрана следува по најновите сознанија за дружењата во петоците со пијалаци во Даунинг Стрит додека на сила беа едни од најстрогите мерки против епидемијата на коронавирусот.

Овој свеовиден британски „Вински петок“ е долгогодишна традиција којашто ја практикувале сите влади, се потсетува во написот на The Mirror, и се додава дека од тоа не се откажале дури и по воведувањето на мерките за забрани на луѓето во затворени простори, со исклучок на членови на најтесното семејство.

Весникот тврди и дека персоналот на кабинетот на премиерот дури купил и ладилник за секогаш „при рака“ да имаат разладени пијалаци, како и дека Џонсон знаел за овие дружења.

Членот на долниот дом на британскиот парламент, ториевецот Ендрју Бриџен, кој нема позиција во владата, изјави дека Џонсон го „загуби моралниот авторитет да ја води земјата“, како и дека „и не важно дали премиерот знаел или не знаел за тие дружења со вино во петок“.

„Во крајна линија, тој е одговорен за сѐ што се случува во владата и какво е однесувањето. Она на што сме сведоци е култура на однесување според којашто за нив важат едни правила, а за нас другите други. Тоа не е прифатливо и не сум сигурен дека извинувањето тоа може да го исправи“, изјави Бриџен.

Како што пренесува весникот The Telegraph, досега во ткн Комитет 1922 пристигнале околу 20 писма од конзервативни пратеници во кои изразуваат недоверба во лидерството на Џонстон. За да се покрене постапката за гласање за доверба потребна е согласноста од 54 ториевски пратеници.

Станува збор за комисија којашто ја сочинуваат конзервативните пратеници кои не се во владата и кои се состануваат седмично кога заседава Долниот дом кога дискутираат за внатрепартиските проблеми. Комитетот еднаш месечно се среќава и со партискиот лидер за да го брифира и да ги изнесе актуелните мислења во партијата.

Кабинетот на премиерот Борис Џонсон ѝ се извини во петокот на кралицата Елизабета Втора откако се дозна дека персоналото во премиерската резиденција во Даунинг Стрит 10 се забавувало до доцна ноќта непосредно пред погребот на принцот Филип, во време кога строго беа забранети собирите во затворени простори.

Во необичниот расплет на долгата приказна која нашироко ја исмејуваа комичарите и карикатирустите, весникот The Daily Telegraph претходно објави дека забави се одржувале во Даунинг Стрит 10 на 16-ти април 2021 година, ден пред погребот на принцот Филип.

„Многу е тажно што ова се случи во време на националното тагување и Даунг Стрит му се извини на дворецот“, изјави портпаролот на премиерот за новинарите. Премиерот Џонсон тој ден се наоѓал во резиденцијата Чекерс и не бил поканет на ниеден од собирите, според портпаролот.

Во написот на The Daily Telegraph се истакнува дека пијанката во Даунинг Стрит била толку раскалашана што персоналот се осмелил да отиде до блиска продавница да купи големи количества алкохол, го истурале виното по теписите во резиденцијата, а била скршена и лулашката којашто ја користел малиот син на премиерот.

Следниот ден кралицата Елизабета се прости од сопругот принцот Филип, со кого во брак беше 73 години, а кој почина на 99-годишна возраст. Облечена во црнина со бела опшивка на црната маса на устата, 95-годишната кралица предизвика сожалување во јавноста седејќи осамена, строго придржувањејќи се до епидемиолошките мерки во текот на погребната церемонија за принцот Филип во дворецот Виндзор.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.