Поради вулкан на Суматра евакуирани 25.000 луѓе

Повеќе од 25.000 луѓе се евакуирани по низа ерупции и исфрлање лава од вулканот Синабунг, што се наоѓа на западниот индонезиски остров Суматра.

Вулканот вчера неколкупати исфрлил вжештени камења и пепел до 5.000 метри во височина, вели директорот за итни состојби во Националната агенција за ублажување на последици од катастрофи, Три Будиарто за АФП.

„Досега се евакуирани 25.516 луѓе. Веќе нема никој во пречник од пет километри околу кратерот. Сега апелирани до они кои живеат во пречник од седум километри околу кратерот да се евакуираат“, вели Будиарто.

Синабунг е еден до 129 активни вулкани во Индонезија која се наоѓа на голем тектонски расед, познат под името Пацифички огнен појас.

Вулканот мирува околу 400 години, а повторно стана активен во 2010 година и во септември лани. Пет лица загинаа, а стотина беа евакуирани во август 2013 година кога дојде до ерупција на еден вулкан на мал остров во провинцијата Источна Нуса Тенгара.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.