Поради вулканската ерупција на Тонга предупредување за цунами во САД и Чиле

Предупредување за цунами е објавено во саботата утрото по локално време за Западниот брег на САД и за Чиле, а пацифичката американска сојузна дражава Хаваи веќе ја зафатиле „помали полави“ по подводната ерупција на вулкан во архипелагот Тонга, соопшти американската метеоролошка служба.

„Напуштете ги плажите, пристаништата и марините“, се наведува во препораките на американската Национална метеоролошка служба (NWS), којашто „со олеснување“ известува дека Хаваи не пријавиле штети и дека островот претрпел само помали поплави.

Цунамито би можело да ги погоди сојузните држави Калифорнија, Орегон и Вашингтон, како и северната Алјаска и канадската покраина Британска Колумбија, прецизираат од NWS.

„Очекуваме влијание на силни струи и поплави на крајбрежните и пониски подрачја“, се додава во предупредувањето.

Во Чиле Националната канцеларија за итни ситуацији предупреди на можност „помал цунами“ да го погоди Велигденскиот остров и другите чилеански архипелази.

„Поради претпазливсот се објавува повик за евакуација на плажите во архипелагот Хуан Фернандез, острвите Сан Феликс, Велигденскиот остров и чилеански Арктик поради ерупција на вулкан на островите Тонга и можност да се случи помало цунами“, се истакнува во соопштението.

Жителите на архипелагот Тонга во саботата претходно се преместиле на повисоките подрачја, бидејќи новата ерупција предизвикала цунами со плимен бран висок 1,2 метри.

Ерупцијата на вулканот Хунга Тонга-Хунга Ха’апаи се слушнала на оддалеќеноста од повеќе стотици километри. Траела осум минути и била толки гласна што се слушнала „како оддалечено грмења“ и на островите Фиџи, одделечени повеќе од 800 килиметри, соопштија тамошните власти.

Вулканот во водите на архипелагот Тонга еруптираше во саботата по што беше објавена тревога за цунами за повеќе островски земји во Јужен Пацифик, особено за Тонга и Американска Самоа.

По ерупцијата на вулканот, бранови на цунами се забележани во Нуку’алофа, главниот град на архипелагот Тонга, и во Паго Паго, главниот град на Американска Самоа. Од вулканот во петокот започнала да избива пареа, гас и пепел кои се издигнале до 20 километри во височина. Погодената област е со размери од 260 километри.