Поради загадувањето на воздухот затворени основните училишта во Техеран

Поради високото ниво на загадување на воздухот во Техеран, иранската Влада донесе одлука да ги затвори сите основни училишта во главниот град, каде живеат 10 милиони луѓе.

Облак густ смог е надвиен над Техеран, како резултат на густиот сообраќај и загадувањето од фабриките.

Целата состојба е влошена затоа што веќе неколку дена нема ветер ни дожд.

Техеран е еден од најзагадените градови во светот што се однесува до воздухот. Здравствените експерти предупредуваат дека многу Иранци имаат сериозни здравствени проблеми поради загадувањето.