Поради закани кон децата на Вучиќ упасена Твитерџика

Денеска во Шабац е уапсена жена која се сомничи дека преку Твитер упатила брутални закани за ќерката и синот на српскиот претседател Александар Вучиќ.

49-годишната А.Ј.А. тврди дека нема никаква врска со Сојузот за Србија.

После објавата на Вучиќ за посетата на Смедерево и Железара, каде напишал дека тоа било важен ден за Србија, Смедерево и работниците кои работат и живеат во тој град, корисник на Твитер кој е потпишан како „Александризам“ упатил морничава порака до неговите деца.