Порака од Москва – Бомбардирањето на Југославија е срам за НАТО што не може да се измие

Утре во Русија, а и во целиот свет, секој што ја знае историјата, кој носи правилни заклучоци, ќе се сеќава на трагичниот датум – 24 март 1999 година, кога започна агресијата на НАТО, која донесе многу тага и страдања кај српскиот народ. И на самата Алијанса. Срамот од воените злосторства што не може да се измие, порача потпаролката на руското МНР, Марија Захарова.

„САД и нивните сојузници варварски ја бомбардираа суверена Југославија. Под циничен изговор за хуманитарна интервенција, 78 дена авијацијата и флотата на НАТО бомбардираа цивилни градови, уништуваа цивилна инфраструктура, станбени населби, болници, училишта, мостови, транспорт на патници и бегалски колони. Беа истрелани повеќе од 2.000 ракети, фрлени 14.000 бомби и друга муниција, вклучително и оние со осиромашен ураниум. Истиот што Британија го смета за свој стандард“, рече Марија Захарова на неделниот брифинг.

Тој осиромашен ураниум што беше фрлен во Југославија зарази голема територија, доведе до голем пораст на болести меѓу населението, вклучително и кај странските војници во Косово.
„Таканаречените западни мировници не поштедија никого, стотици припадници на безбедносните сили, повеќе од 2.000 цивили, меѓу кои 88 деца, загинаа од нивни раце“, рече таа.

„Оценката не може да биде различна: извршен е акт на агресија, прекршени се принципите на меѓународното право, а беззаконието е прогласено за закон. Во исто време, само Вашингтон може да одлучи кога и каде да употреби сила. Тој се стреми кон улогата на највисоката инстанца спротивно на сите правни и морални основи, освен на дрскост, грубост и апсолутна неказнивост“, истакна портпаролката.

Сепак, како што тврди Захарова, Западот се уште не ги има целосно разбрано сите последици од оваа агресија за меѓународната и европската безбедносна архитектура.

„Таму се убедени (или барем се преправаат) дека за време на НАТО агресијата против Србија се бореле за слобода и демократија, обидувајќи се да му служат на човештвото, но всушност доведоа до голем број човечки жртви и масовно уништување. за кои се уште никој не е повикан на одговорност. Никој не одговараше за очигледни злосторства“, рече таа.

По 1999 година, НАТО стана соучесник во злосторствата. Врв на цинизмот беше неодамнешната објава на Лондон дека се подготвени да го снабдат режимот во Киев со муниција со осиромашен ураниум, пренесува Спутник.

„Ако се употреби оваа муниција ќе доведе до загадување на водата и почвата, а народот ќе биде труен со децении. За почеток, Лондон би можел да го тестира ова оружје на себе, на островот што отсекогаш го користел (имаат способност да го направат тоа) и да го почувствува целиот спектар на неговите смртоносни последици“, истакна Марија Захарова.