Порака за жителите на Мариупол: Не излегувајте додека не слушнете порака на разглас

Во пристанишниот град Мариупол на југот на Украина, полицијата одела од засолниште во засолниште за да им пренесе едноставна порака на оние кои со денови се под земја поради бруталното руско гранатирање во опколениот град со 430.000 жители, пишува Гардијан.

Пораката што ја добиле преплашените жители била: „Не излегувајте додека не ја слушнете пораката на разглас. Не обидувајте се да се евакуирате и покрај ветувањата на руските сили за безбедно поминување“.